Индонезискиот фудбалер Хансаму Јама на мечот на неговата селекција против Брунеи имаше утка која ќе го следи до крајот на животот, а ако ништо друго, многумина слушнаа за него и стана ѕвезда на социјалните мрежи.
Индонезија победи со 7-0 во овој меч од првенството на југоисточна Азија, а при 2-0, Јама не реализира стопроцентна шанса. Од еден метар, тој успеа да го префрли празниот гол.