Дејан Кулушевски е најдобар играч на Шведска и ја доби Златната топка за 2022 година во неговата родна земја.
Кулушевски има настапувано за младинските категории на македонската репрезентација бидејќи има корени од Македонија, но финалната одлука му беше да игра за Шведска во сениорска конкуренција.
https://twitter.com/svenskfotboll/status/1607828297697660933?s=20&t=EJW1ULCIAWk1p-B1nm-mGw
Апсолутен рекордер во Шведска со 12 Златни топки е Златан Ибрахимовиќ, а за Кулушевски, кој игра за Тотенхем, ова е премиерно вакво признание.