Двојниот европски првак Вардар го претстави најновото засилување од Бразил, Леонардо Дутра Фереира, кој ќе игра за Црвено-црните најмалку до крајот на оваа сезона.
Дутра извесно време беше повреден, но доаѓа фит, а последен клуб му беше шпанскиот Ла Риоха.
Има 26 години и игра на позицијата среден бек, што е дефицитарна во Вардар. Со раководството на Црвено-црните имаат договор да ја доигра оваа сезона, со можност да продолжи уште еден циклус потоа во 2023/24.
Дутра е на списокот на Бразил за настап на Светското првенство што ќе се игра во јануари во Полска и Шведска и во Скопје на Вардар ќе му се приклучи по завршувањето на ракометниот Мундијал.