Бугарската новинска Агенција, БТА, го спроведе стандардниот избор за најдобар спортист на Балканот, а во 2022 година тоа е романското пливачко чудо Давид Поповичи.
Поповичи има 18 години и во 2022 година стана и европски и светски првак на 100 метри и победи во изборот на БТА со 64 бода.
Зад него е Новак Ѓоковиќ со 61 бод. Новак е рекордер дури со 7 пехари во изборот за најдобар балкански спортист.
Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец и играч на Реал Мадрид, е трет со 48 бода.
Во изборот учествуваа точно 10 информативни агенции, меѓу нив и Македонската информативна Агенција, МИА.
Еве ги сите спортисти во Топ-10:
Давид Поповичи (Романија, пливање) 64 бода
Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) 61 бод
Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) 48 бода
Милтијадис Тентоглу (Грција, атлетика) 46
Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка) 31 бод
Никола Јокиќ (Србија, кошарка) 27 бода
Јанис Адетокумбо (Грција, кошарка) 23 бода
Александар Везенков (Бугарија, кошарка) 21 бод
Лана Пудар (БиХ, пливање) 20 бода и
Таха Акгул (Турција, рвање) 20 бода.