Ливерпул потврди дека постигнале договор со ПСВ Ајндховен за трансфер на напаѓачот Коди Гакпо.
Овој 23-годишен играч успешно ги мина лекарските прегледи и на 1 јануари и официјално ќе стане нов играч на Црвените.
Дебито за Холандија го имаше лани во јуни на мечот против Македонија на Европското првенство, а Гакпо на СП во Катар даде три гола на пет меча. Пред Мундијалот 2022, тој беше прв стрелец и асистент во холандскиот шампионат.
Во Ливерпул, Гакпо ќе го носи дресот со бројот 18.