Бразилскиот тинејџер потпиша за Челзи, а откако соиграчите го слушнаа тоа, решија да го врзат и да не го пуштат да оди

Бразил е земја во која постојано се појавува некој голем талент, кој веднаш потоа заминува во Европа да го докаже својот квалитет. Последен во низата е 18-годишниот Андреј Сантос, кој го комплетира трансферот во Челзи.

Сантос е дел од тимот на Васко де Гама, а кога неговите соиграчи разбраа дека талентот ќе си замине од клубот, решија да го изненадат на тренинг, покажувајќи дека не се согласуваат со тоа тој да си замине.

Тинејџерот беше фатен од соиграчите, а потоа и врзан за да не може никаде да бега. Сепак, сумата која Челзи ја нуди за овој талент е примамлива и од Васко де Гама не може да ја одбијат. Бразилкиот тим има сигурни 12,5 милиони евра, а оваа сума може да достигне и до 20 милиони евра за трансферот на Сантос.

Сантос неодамна наполни 18 години, но веќе има 37 настапи за бразилскиот второлигаш, а има и осум голови. Тој е стандарден член на бразилската репрезентација за играчи до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести