Кристијано Роналдо објави клип на кој се гледа како тој со неговиот син си играат дома со пукање од пластична пушка. Фудбалерот на Јувентус вечерва треба да игра против Киево во заостанат меч од Серија А, а по титулата во Суперкупот на Италија, тој се релаксира со игра со гаѓање од играчка снајпер. Целта му беше да го изгасне телевизорот без да стисне далечинско управување, туку со пушката испука „проектил“ директно во копчето со кое се исклучува телевизорот.
Ако игра против Киево и даде гол, Роналдо ќе избие на првото место на листата на стрелците во италијанскиот шампионат, а во моментов е изедначен со Запата од Аталанта и Квалјарела од Сампдорија.
Слушнете како Роналдо прославува добар погодок со играчката:
https://www.youtube.com/watch?v=brfEM_gEsz0