Поранешниот европски првак Партизан ја забележа третата победа во низа во Евролигата и полека, но сигурно чекори кон плејоф-зоната.
Црно-белите вечерва го победија Баерн со 83:77 во пеколна атмосфера во „Штарк арената“ во Белград.
Домаќините доминираа во текот на целиот меч, а Баерн се закани во финишот, кога намали на 75:72, но Партизан не дозволи изненадување.
Ексум со 19 поени беше прв стрелец кај Партизан и на мечот. Лесор постигна 16, а имаше и 10 скока. Ист број поени, 16, имаше и најдобриот кошгетер на Баерн, Хантер.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1608570647369715715?s=20&t=6_g0OLwDhGxSgFCcyhi9EA
Во шпанското дерби, Басконија го победи Реал Мадрид со 92:86, а домашниот терен го искористија и Партизан, а потоа и Макаби за победа од 80:72 против Анадолу Ефес и Милано против Валенсија со триумф од 90:79.
Во тек е последниот меч од 16-тото коло, што се игра денеска меѓу Монако и Жалгирис.