Судот во Мадрид му одобри на Левандовски да игра на дербито против Еспањол!

Пријатно предновогодишно изненадување за Барселона дојде од Централниот суд во Мадрид, кој одреди мерка на претпазливост за санкцијата кај Роберт Левандовски изречена од Спортскиот административен суд, па Полјакот ќе може да игра утре на градското дерби против Еспањол.

Напаѓачот доби суспензија од три меча за некоректен потег по добивањето на црвен картон на дуелот со Осасуна. Со мерката на претпазливост не значи дека суспензијата ќе биде тргната, но до конечната одлука Барселона доби на време и популарниот Леви нема да го пропушти мечот со Еспањол.

Ова е огромен плус за Барса бидејќи Левандовски е прв стрелец во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести