Тотенхем сака да го купи играчот кој пред пола година пристигна на Камп Ноу

Англискиот премиерлигаш Тотенхем, упати официјална понуда до Барселона за купување на Френк Кеси.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишувадека Барселона е подготвена да се откаже од неколку фудбалери со цел да ја подобри финансиската ситуација и тоа сака да го искористи Тотенхем кој понудил 13 милиони евра отштета за Кеси. Засега нема реакција од управата на Барселона, па поради тоа сè уште не е познати дали понудата е прифатена или не.

Тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандез, засега не му дава премногу шанси на Кеси да игра во првиот тим, репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, најчесто влегува од клупата.

Кеси кој изминатото лето пристигна во Барселона од Милан како слободен играч, досега започна само пет натпревари вкако член на првиот тим, и неодамна изјави дека е незадоволен со статусот и поради тоа би сакал да замине во клуб каде ги имал поголема минутажа.

- Оглас -

Најнови вести