Фенербахче два и пол месеци нема победа во турското првенство, но можеби на таа црна серија вечерва ќе ѝ дојде крајот. Фенер води со 1-0 на гостувањето кај Бурсаспор, а стрелец на голот беше Роберто Солдадо. Шпанецот феноменално се снајде и иако беше свртен со грб кон голот, тоа не беше проблем за него и најде атрактивен начин за да го совлада голманот на домашните.
Елиф Елмас не игра, бидејќи на претходниот натпревар беше исклучен. Ако победи, Фенер ќе побегне од местата на табелата кои водат во втора лига.
Погледнете ја мајсторијата на Солдадо:
https://www.dailymotion.com/video/x711ide?fbclid=IwAR22Uk61a-RQhCX3vv1Q-D2RTGyQcYapyfs3X2oeXszH3iOi9kKXasnLt_A