Фудбалерите на Ливерпул не дадоа ниеден гол, а победија со 2:1 (Видео)

Ливерпул победнички ја затвори 2022 година, откако на свој терен со 2:1 победи против Лестер, во меч од 18 коло во Премиер лигата. Со овие три бода, Ливерпул стигна до 28 бодови и сега е на шестото место на табелата во Премиер лигата. Лестер останува со 17 бодови и е на 13-тата позиција во првенството.

Чуден беше мечот на „Енфилд роуд“. Гостите воде со 1:0 по само четири минути играч, а Ливерпул направи пресврт до полувремето и тоа благодарение на два автоголови. Централниот дефанзивец на Лестер, Воут Фас си даде два автогола и Ливерпул стигна до предност од 2:1, што на крајот е покажа и како конечен резултат.

Фас е само четвртиот играч кои си постигнал два автогола на еден меч во Премиерлигата. Овие несмасни погодоци на Фас во сопствената мрежа може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести