Гранеруд „лета“ кон победа на Четири скокалници, триумфира и во Гармиш

Норвежанецот Халвор Гранеруд денеска победи и на второто натпреварување во рамки на новогодишната турнеја Четири Скокалници, што се одржа во Гармиш-Партенкирхен.

Гранеруд победи со скокови од 140 и 142 метри, собирајќи и собра 303.7 поени.
Норвежанецот славеше и на првото натпреварување во рамки на ноновогодишната турнеја што се одржа во Оберсдорф.

https://twitter.com/i/status/1609569629440974849

Второто место го освои Словенецот Анже Ланишек 297.3 освоени поени за скоковите од 140.5 и 137 метри.

Последното место на победничкиот подиум му припадна на Давид Кубацки од Полска кој имаше скокови од 136 и 138.5 метри и освоени 294.4 бода.

По првите две натпреварувања лидерво генералниот пласман на Четири скокалници е Гранеруд со 616.6 бода, втор е Кубацки со 589.3 бода, а трет е уште еден Полјак, Пјотр Жила со 576 бода.

Следна станица на ски скокачите во рамки на новогодинешната турнеја ќе биде Инсбрук на 4 јануари.

- Оглас -

Најнови вести