Новинарите го налутија Клоп: Фудбалот не е игра па да си играме Монопол

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека Коди Гакпо би можел да биде единственото засилување на Црвените во зимскиот преоден рок и притоа порача дека нема намера да се расфрла со пари.

„Ова не ви е Монопол, никогаш не сме играле на таков начин. Тоа е голем дел од мојата филозофија, да работам и да имам максимална доверба во играчите кои ги имам, а не постојанот да им зорувам дека ми е потребен уште еден фудбалер што игра на нивна позиција“, изјави Клоп.

Ливерпул во зимскиот преоден рок кој започна вчера, го реализира трансферот на холандскиот репрезентативец Коди Гакпо. Медиумите шпекулираат дека Гакпо на „Енфилд“ пристигна во трансфер вреден помеѓу 40 и 50 милни евра.

„Не сакам никого да разочарам, но потпишавме со одличен фудбалер каков што е Гакпо. Меѓутоа, веднаш потоа следеше ново прашање: Кој е следниот?“, рече Клоп.

Ливерпул моментно се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 28 бода, четири бода помалку од четвртото место кое носи во ЛШ, а дури 15 помалку од лидерот на табелата, Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести