Ја почна годината со најглупавиот коментар за настраданиот НФЛ играч, па се извинуваше (Фото)

Познатиот американски коментатор на спортски настани Скип Бајлес се посрамоти со објава на „Твитер“ веднаш по хорор повредата на Дамар Хамлин ноќеска на НФЛ-мечот меѓу Синсинати бенгалс и Бафало билс.

Хамлин настрада во еден судир на теренот со Хигинс и беше во животна опасност бидејќи престана да му работи срцето.

Благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим, му беше спасен животот, мечот беше прекинат, а Бајлес го има најглупавиот коментар на почетокот на Новата година.

На „Твитер“ напиша дека раководството на НФЛ размислува да го прекине мечот и тој да не се доигра или преигра, што би било нерегуларно, особено во финишот на регуларниот дел од сезоната.

Веднаш имаше реакции, а еден од неговите колеги и поранешен НБА-играч, Кендрик Перкинс, му одговори: Ти си болен човек

Потоа Бајлес се извини со нов пост на „Твитер“ и објасни дека бил погрешно сфатен и дека животот на Хамлин е единственото што е важно во целата ситуација.

Хамлин е сè уште во животна опасност откако преживеа срцев удар и е сместен во болница во Синсинати.

- Оглас -

Најнови вести