Чешката хокејска легенда Јаромир Јагр во 2017 година на 45-годишна возраст го одигра својот последен натпревар во НХЛ-лигата, но не се пензионира, туку продолжи да игра, а сега кога е на прагот да го прослави 51-виот роденден, тој уште дава голови во чешката лига.
Јагр во моментов е член на клубот Кладно и постигна гол во поразот на неговиот тим против Шкода П’лзењ. Сезонава тој има еден гол и пет асистенции и влезе во историјата како најстар стрелец во лигата.
Во НХЛ-лигата, Јагр играше 1.733 меча и имаше 1.921 поени, од кои 766 беа голови, а освои две титули.