Брајтон пишуваше историја и можеби му потпиша отказ на Лампард

Дербито помеѓу лидерот на Премиер лигата, Арсенал, и третопласираниот Њукасл заврши без голови, а тоа најмногу ги израдува навивачите во Манчестер бидејќи Сити има прилика со победа да му се доближи на Арсенал на пет бода разлика, додека Јунајтед сега е „залепен“ до Чавките.

Брајтон со 4-1 славеше на гостувањето кај Евертон и тоа е историски резултат бидејќи Брајтон за првпат во својата историја даде четири гола на едно премиерлигашко гостување.

Вториот гол беше дело на Еван Фергусон, кој со 18 години и 76 дена стана втор најмлад фудбалер по Федерико Македа од 2009 година, кој на два меча по ред дава гол во англиската елитна дивизија.

Евертон освои само еден бод во последните пет кола, веќе е во опасна зона, тимот доби гласни свирежи и притисокот врз менаџерот Френк Лампард е голем.

Фулам со 1-0 победи против Лестер, а стрелец беше кој друг ако не Србинот Александар Митровиќ. За Лисиците ова е трети пораз по ред, а за Фулам трета победа едноподруго.

- Оглас -

Најнови вести