Германски судија предлага револуционерни правила во фудбалот, ќе се паузира 10 минути за вербален дуел со арбитрите

Германскиот фудбалски судија Патрик Итрих предлага неколку нови правила во фудбалот што би биле револуционерни во најпопуларната игра на светот.

Итрих некако како да тргнал, пред сè, од сопствениот интерес, односно сака да ги заштити судиите, па така веројатно и најдрастично е правилото за 10 минути пауза за фудбалерите кои ќе го навредат арбитерот или неговите помошници.

Интересно правило би било екипите да добиваат слободни удари на далечина од 17 метри ако ривалот направи тактички фаул на кој било дел од теренот.

Итрих го образложува со тоа дека екипите нема да прават тактички фаули и да задржуваат време.

Играч кој симулира или пречесто лежи на теренот и бара медицинска помош би бил надвор од игра три минути е еден од предлозите на Германецот.

„Секако треба да добие медицинска помош, но ако мора да биде 3 минути надвор од терен, а симулира и не е повреден, што мислите, за колку време ќе сака да се врати назад?“, образложува Итрих.

Негов предлог е и фудбалерите за вербални конфликти со судиите да добиваат црвени картони, а казната не би била заминување во соблекувална и предвремен крај на мечот за тие играчи, туку временска казна во минути.

„Воопшто не изгледа убаво во ситуации кога арбитерот е опкружен од играчи кои протестираат. Според мене, треба да добиваат црвени картони, па нека играат 7 против 10 во поле извесно време. Според мене, тоа би било в ред и фер“, додава Итрих.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести