Полјакот Давид Кубацки триумфира денеска во Инсбрук на третата од четирите скокалници на славната и традиционална новогодишна турнеја во скијачки скокови.
Второто место му припадна на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, кој победи на првите две станици во Оберстдорф и Гармиш Партенкирхен. Анже Ланишек од Словенија го комплетира подиумот денеска.
Гранеруд води во генералниот пласман на турнејата и мали се шансите некој да му ја одземе победата доколку не направи некаков огромен кикс.