Циципас најмлад тенисер со место во полуфинале на Гренд слем во последниве 12 години

Победата на Стефанос Циципас против Роџер Федерер во претходното коло воопшто не беше случајна. Гркот утрово успеа да се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако со 3:1 (7:5, 4:6, 6:4, 7:6) во сетови го победи Роберто Баутиста од Шпанија. Со оваа победа, Циципас стана најмладиот тенисер од 2007 година досега што успеал да се пласира во финале на еден Гренд слем турнир.

„Ова е голема победа. Мојата најважна цел беше да останам фокусиран и смирен. Ова за мене е како приказна. Напорно работев и сега го живеам сонот“, рече Циципас, кој има само 20 години. Последен пат во полуфинале на Гренд слем турнир успеал да се пласира Нова Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД во 2007 година, а тоа во овој век му успеало уште и на Енди Родик во 2003 година.

Следниот противник за Циципас ќе биде подобриот од дуелот меѓу 17-кратниот гренд слем шампион Рафаел Надал и младата надеж од Франција, Франсис Тифо.

На женскиот дел од турнирот, прва плуфиналистка е Даниеле Роуз Колинс од САД. Американката успеа во три сета да ја победи Павлиученкова од Русија со 2:6, 7:5, 6:1 и сега во полуфиналето ја очекува подобрата од Квитова и Батри.

 

- Оглас -

Најнови вести