Фудбалерите на Јувентус со минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Кремонезе ја започна Новата година.
Херој на Старата дама беше Аркадјуш Милик, кој во првата минута од судиското продолжение, од слободен удар го постигна единствениот гол на натпреварот. Освен што победнички ја започна 2023 година, Јувентус ја продолжи и серијата на триумфи која сега изнесува седум по ред и сега има 34 бода за трето место на табелата.
MILIK’S FREE KICK IN STOPPAGE TIME WINS IT FOR JUVENTUS!#CremoneseJuventus
pic.twitter.com/5FjcWtJlyV— Reyi (@Reinaldodcg9) January 4, 2023
Фудбалерите на Кремонезе кои сè уште чекаат на прв триумф над Старата дама, заслужија барем бод бидејќи имаа неколку одлични шанси, двапати ја погодија стативата на Војќех Шченсни, а во првото полувреме им беше поништен гол поради офсајд.