Баерн Минхен подготвува два одлични трансфера

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен договори едно големо засилување за следната сезона – Конрад Лаимер. Англискиот репрезентативец кој игра во средниот ред од 2017 година е дел од тимот на Лајпциг, но летово му истекува договорот.

Тоа значи дека Лаимер како слободен играч може да замине каде што сака, а 25-годишниот фудбалер го одбра Баерн Минхен, пренесува германскиот весник „Кикер“.

Освен Лаимер, баварскиот гигант бара замена и на голманската позиција за повредениот Мануел Нојер. Германскиот голман ја скрши ногата и ќе паузира до крајот на годината, а се очекува и официјално да биде потврдено дека на „Алијанц арената“ доаѓа Јан Сомер. Репрезентативниот голман на Швајцарија треба да го комплетира договорот кој му гарантира останување во Баерн до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести