Не е законски, но Саудиска Арабија даде специјална дозвола за Георгина да живее со Роналдо!

Кристијано Роналдо и Георгина Родригес ќе го прекршат законот во Саудиска Арабија и ќе живеат заедно бидејќи добија специјална дозвола од властите во оваа земја. Во С. Арабија забрането е двојка да живее заедно доколку не е во брак, а Роналдо и Георгина иако имаат и деца, официјално уште не се во брачна заедница.

Роналдо има четири деца, од кои две ги роди Георгина. Родригес, која е аргентинска Шпанка, кога ќе сака да го посети Роналдо во Саудиска Арабија, ќе мора да вади туристичка виза со која би смеела да остане до 90 дена.

Роналдо во неодамнешото интервју кое стана легендарно кажа дека засега не му е во план да се ожени, но во иднина би сакал официјално да стапи во брак со Георгина, која од 2016 година е негова љубовна партнерка.

- Оглас -

Најнови вести