Очобол дерби на Англија – На Челзи му се повредуваа играчи, шампионот од Манчестер не го виде голот на домаќините

Многу скромно прво полувреме без голови одиграа Челзи и Манчестер сити во дербито на 19. коло, а речиси едвај да имаше по еден шут во рамките на двата гола што ги бранат Аризабалага за домаќините и Едерсон за гостите.

Кај Челзи имаше дури две измени во првите 22 минути, а поради повреди заменети беа Стерлинг со Обамејанг и Пулишиќ со Чуквуемека.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1611095745532149760?s=20&t=QbmlphR5FGs1IDCOQbwxbA

Иако имаа малери, домаќините беа поконкретни и упатија три удари, еден од нив во рамките на голот на актуелниот англиски првак, а имаа и сериозна шанса во финишот на полувремето кога Чуквуемека ја погоди стативата.

Манчестер сити одигра слабо, иако ја имаше најдобрата шанса за гол во првото полувреме, кога Ерлинг Халанд од чиста позиција промаши цел гол во 38. минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести