Чеферин останува претседател на УЕФА, никој не сака да го предизвика на избори

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин е единствен пријавен кандидат за таа функција за следниот избор.

УЕФА објави дека до петти јануари, до кога беше рокот за пријавување на сите кои сакаат да се кандидираат, Чеферин е единствениот што поднел кандидатура за нов мандат.

Чеферин новиот мандат ќе го добие на 47-от Редовен конгрес на УЕФА што ќе се одржи на 5 април во Лисабон.

На Конгресот на УЕФА ќе се избира и потпретседател на ФИФА, како и претставници во Советот на ФИФА.Чеферин е роден во Љубљана во 1967 година, а на чело на УЕФА е од 14 септември 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести