Со три победи од четирите скокалници, сосема заслужено е новиот шампион на Четири скокалници

Норвежанецот Халвор Гранеруд е победник на традиционалното новогодишно издание на Четири скокалници. Гранеруд сосема заслужено стигна до трофејот за најдобриот откако победи на три од четирите скокалници.

Дека е решен да стигне до овој примат за најдобар на Четири скокалници, Гранеруд покажа со одличните скокови на првите две натпреварувања кога победи во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен. На третата скокалница, Гранеруд потфрли, но денеска повторно блесна и беше најдобар во Бишосхофен.

На денешното натпреварување, Гранеруд имаше најдолги скокови во двете серии и заслужено заврши како најдобар. Во генералниот пласман на Четири скокалници на второто место заврши Кубацки, а трет е Ланишек.

 

- Оглас -

Најнови вести