Најдобриот светски тенисер не игра на Австралија опен

Најдоброрангираниот светски тенисер, Карлос Алкарас го откажа учеството на првиот тениски гренслем во сезоната, на Австралија опен.

Шпанецот кој е најмладиот светски тенисер број 1 има повреда на десната нога и објави на социјалните мрежи дека нема да игра во Мелбурн.

Турнирот ќе се игра од 16 до 29 јануари.

Најдобар настап на Австралија опен му е третото коло на минатото издание, па иако е топ-рангиран светски тенисер немаш да биде и топ фаворит, покрај Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Алкарас има само 19 години и веќе освои пехар на гренслем турнир, кога победи во Њујорк на САД опен.

- Оглас -

Најнови вести