Бразилските фанови сè уште не се помирија со поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство што се одржа во Катар, а сега Светската фудбалска федерација (ФИФА) им стави сол на раните и буквално ги полуде со последната објава на социјалните мрежи.
Кариоките важеа за главен фаворит за триумф на Мундијалот во Катар, но во четвртфиналето загубија од Хрватска по подобро изведување на пенали, а ФИФА како еден од моментите што го одбележаа Светското првенства беа промашувањата на Бразилците во пенал рулетот и големото славје на Хрватите.
https://twitter.com/i/status/1611362198001000449
Со овој потег, ФИФА буквално ги полуде Бразилците кои не се штедеа во навредите и пцовките на социјалните мрежи и коментираа дека видеото мора да тргне притоа нарекувајќи ги луѓето задолжени за социјалните мрежи во светската куќа на фудбалот „к****ни синови“.