Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија на блескав начин со финале на АТП турнирот во Аделаида, по ланското паташествие кога не му беше дозволено да игра на Австралија опен во Мелбурн.
Денеска во дербито на турнирот српскиот ас го победи Данил Медведев со 2:0 во сетови и се пласира во финалето без загубен сет.
За титулата на турнирот Новак ќе игра против Себастијан Корда, кој го доби првото полуфинале, откако Јапонецот Нишиока го предаде мечот на почетокот на вториот сет.
Ѓоковиќ и Медведев играа третпат меѓусебе во последните четири месеци и српскиот тенисер ги доби сите овие дуели, а има серија од 4-0 против големиот ривал.
Утре ќе биде голем фаворит и против Корда во нивниот прв меѓусебен меч на АТП турнирите.