Роберто Мартинес ќе биде новиот селектор на Португалија, објавија дел од медиумите во оваа земја и веќе постои усмен договор тој да го наследи Фернандо Сантош.
Мартинес направи вистински хаос со селекцијата на Белгија на Мундијалот во Катар и Црвените ѓаволи под негова комнда апсолутно разочараа и испаднаа уште во првата фаза.
Белгија не успеа да ја мине групата со Хрватска, Мароко и Канада, иако беше меѓу главните фаворити и за светската круна.
Мартинес беше на мета на остри критики, а му фатија и сеир, откако сам си напиша писмо со отчет како селектор упатено кон координаторот на сите белгиски селекции, функција која исто така ја обавуваше тој.
Португалците испаднаа во четвртфиналето со пораз од Мароко со 0:1, а и тој резултат се смета за неуспех, па си замина селекторот Сантош.
Најавено е дека Мартинес ќе потпише договор како нов селектор на Португалците во текот на идната седмица.