Алисон се посрамоти и му подари гол на противникот, а Нуњез даде прекрасен гол (Видео)

Ливерпул и Вулверхемптон си дадоа по еден гол во првото полувреме, во дуелот од ФА Купот. Двата погодоци беа интересни. Први се израдуваа гостите кога Гуедес го искористи подарокот од голманот на Ливерпул, Алисон Бекер.

Бразилскиот чувар на мрежата буквално му ја додаде топката на противникот, а овој не пропушти да погоди во празната мрежа за водство на гостите од 1:0.

Дарвин Нуњез кој во изминатиов период беше подлежен на критики поради многуте промашувања, овојпат имаше перфектна завршница. По една перфектна асистенција од преку 40 метри на Тренд-Александар, уругвајскиот голгетер мајсторски на прва шутираше и погоди за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести