Полуфинале на АО: Квитова против Колинс во реприза од Нова година

Петра Квитова брзо, за еден час и десет минути, си обезбеди полуфинале на Отвореното првенство на Австралија со победата од 6:1, 6:4 против домашната тенисерка Ешли Барти.

И за финале ќе бие битка против сензационалната полуфиналистка Даниеле Роуз Колинс. Интересно е што двете тенисерки играа меѓусебе на Нова година, на ВТА-турнирот во Бризбејн, и Квитова по големата борба, славеше со 2:1 во сетови.

Квитова е апсолутен фаворит за прво финале во Мелбурн и има многу поголемо искуство од важни мечеви од 25-годишната Колинс.

Чешката тенисерка има и две гренд слем титули и двете освоени на Вимблдон, а Колинс за првпат игра на главната сцена на гренд слем турнир и направи подвиг со пласман во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести