Добри 45 минути на Ванда Метрополитано, Дембеле ги шокира Јорганџиите

Барселона води со 0:1 по првото полувреме на гостувањето кај Атлетико Мадрид во дербито на 16-то коло од Ла Лига.

Каталонците осоколени по вчерашниот пораз на Реал Мадрид, офанзивно тргнаа на „Ванда Метрополитано“, прв кој се закани беше Андреас Кристенсен во деветтата минута но неговиот шут беше по средина на голот на Јан Облак.

Гостите продолжија да ја контролираат топката, а од втората изгледна шанса успеаја да го совладаат Облак. Осман Дембеле доби одлична топка во шеснаесетникот на Атлетико и успеа да погоди со прецизен шут покрај левата статива.

По примениот гол, домаќините заиграа поофанзивно, и во 32-та минута преку Маркос Лоренте ја имаа првата шанса, но неговиот шут беше блокиран. Шанса да го израмнта резултатот имаа и Молина, Хименез, Гризман, Мандава, но мрежата на Тер Штеген остана недопрена.

- Оглас -

Најнови вести