Боели се налути и ќе троши безмилосно – Феликс дојде во Челзи, на ред се Поро, Думфрис, Рајс, Мукоко…

Тазе сопственикот на Челзи, Тод Боели, се налути по резултатската криза на клубот од Лондон и најави агресивен настап во зимскиот преоден рок за да се обиде да го врати тимот од „Стемфорд бриџ“ на победничките патеки.

Првата цел веќе е остварена и во клубот пристигна Жоао Феликс како позајмен играч од Атлетико Мадрид до крајот на сезоната.

Но, тоа е само почеток за американскиот милионер кој нема да штеди пари за обновата на Челзи, а најавено е дека Сините ќе бијат битка за да се засилат со уште неколку скапи засилувања и познати фудбалери.

Челзи сака да го донесе Деклан Рајс од Вест хем, кој беше член на клубот во младинските категории, а е актуелен англиски репрезентативец.

Со Њукасл лондончани ќе се борат за талентот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, а зимска трансфер-цел на англискиот гигант е и десниот бек на Спортинг Лисабон, Педро Поро.

Ако не успеат со Поро, алтернативи се Џереми Фримпонг од Лајпциг и Дензел Думфрис од Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести