Адеми не ја остава Македонија: Уште сакам да играм за репрезентацијата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми рече дека не планира да ѝ каже збогум на националната селекција туку ќе продолжи да го носи дресот на Македонија.

Во интервју за „Германијак“ тој вели дека не планира да замине во репрезентативна пензија.

„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Сакам, можам и ќе играм. Зборував и со селекторот, ме сака во националниот тим, а и јас сакам да продолжам. Тешко ми е да се простам, зашто таму има одлична група луѓе, играме за својата земја, се пласиравме на претходното Европско првенство, а сакаме да го направиме тоа повторно иако групата е тешка“, вели Адеми.

Македонија за да игра на ЕП 2024, треба да биде прва или втора во пеколната група со Италија, Англија, Украина и Малта.

„Свесни сме дека нема да биде едноставно, но ја победивме Германија, потоа и Италија, нема од што да се плашиме. Знам дека Италијанците ќе бидат мотивирани против нас бидејќи ги исфрливме од Мундијалот, но и ние ќе бидеме мотивирани и напалени, веруваме во уште некоја голема победа“, додава Адеми.

- Оглас -

Најнови вести