Најпознатиот обложувач загуби 3 милиони долари: Ќе ми требаат 5 секунди за да го преболам ова!

Американскиот бизнисмен Џим Мекингвејл, познат под прекарот Матрес Мак, важи за најпознат обложувач на светот, а тој неодамна ја имаше и најголемата добивка во историјата, кога освои 75 милиони долари.

Но, Матрес Мак нема секогаш среќа, па така сега загуби 3 милиони долари. Тој уплатил 3 милиони на победа на Универзитстот Тексас Кристијан во финалето на НЦАА лигата во американски фудбал, но тој тим беше катастрофално прегазен од Универзитетот Џорџија со неверојатни 7-65.

„Ќе ми требаат пет секунди за да го преболам ова. Мора да бидам отпорен на емоции, треба да се знае дека често ќе се паѓа. Веќе се радувам на новиот предизвик и обложувачка авантура. Одам понатаму“, изјави 71-годишниот тексашанец кој има ланец салони за мебел.

- Оглас -

Најнови вести