Експедицијата на македонската ракометна репрезентација го напушти хотелот „Александар Палас“, во кој беше сместена за време на подготовките, и се упати кон скопскиот аеродром, од каде што во 11.30 часот треба да полетаат кон Краков, каде што ќе ги одиграат трите меча од групната фаза на машкото Светско првенство.
Ракометарите со чартер-лет ќе одлетаат за Полска и таму треба да пристигнат попладнево, а вечер ќе имаат прилика и да тренираат во најголемата сала во Полска, „Таурон арената“, каде што утре имаат дуел со Норвешка.
Нивната порака е јасна: „Со срце за Македонија!“