Роналдоманија кај Арапите – Дресовите се продаваат како алва, во Ал-Наср тријат раце

Кристијано Роналдо со трансферот во Ал-Наср направи вистински бум, а клубот има слатки маки како да ги задоволи сите барања на симпатизерите за дресови со бројот на ЦР7, но и со останати спортски реквизити.

„Сè е продадено и не успеваме да стигнеме да набавиме доволно нова опрема за да бидат сите задоволни. Ова се луди денови, невидени досега во историјата на клубот. Моравме да ангажираме дополнително обезбедување за да се спроведе ред во клупските продавници“, велат од Ал-Наср.

Роналдо минатата седмица потпиша две и пол годишен договор со Ал-Наср, а се очекува да дебитира на 22 јануари на дуелот со Ал Етифак, чиј член е нашиот репрезентативец Дарко Велковски.

 

- Оглас -

Најнови вести