Црвена ѕвезда го декласира Монако – Главен декор на трибините беше пораката за поддршка за Перо Антиќ (Фото)

Црвена ѕвезда неочекувано лесно го декласира Монако со 92:68 во меч од 19-тото коло во Евролигата, а на трибините во фокусот беше пораката за Перо Антиќ од навивачите на „црвено-белите“.

„Не те сакаат затоа што си наш, најубаво чувство е кога си ѕвездаш. Перо Антиќ“, пишуваше на транспарентот на популарните „Делии“.

Ова е одговор на критиките за Перо Антиќ, кој е претседател на Македонската кошаркарска федерација, а се појави со дуксер со натпис „Црвена ѕвезда“ на ракометниот спектакл на двете македонски селекции.

Беше жестоко критикуван дека тоа е несоодветна облека за присуство на јавна спортска личност на македонскиот ракометен спектакл, па имаше секакви реакции.

Сега навивачите на Црвена ѕвезда очекувано си го подржаа својот поранешен член со порака од трибините вечерва на дуелот со Монако.

На паркетот доминираа „црвено-белите“ и лесно го декласираа францускиот тим.

Филип Петрушев беше извонреден со 21 поен и шест скока, а одлично одиграа и Лука Митровиќ со 15 поени, 6 скока и 4 асистенции и Немања Недовиќ со 11 поени и 4 асистенции.

Кај Монако и на мечот прв стрелец беше Мајк Џејмс со 26 поени, а имаше и шест скока.

 

 

- Оглас -

Најнови вести