Ветеранот на 36 години е со ефект 18:18 – Паличка блескаше за Шведска, колку прими голови, толку и одбрани

Шведскиот ветеран Андреас Паличка бранеше извонредно за Шведска и е најзаслужен за победата на еден од домаќините на ракометниот Мундијал против Бразил со 26:18.

Паличка, кој има 36 години, одбрани дури 18 удари на Кариоките, кои немаа решение против брилијантниот голман.

Одлично одигра и Јан Годфридсон и со шест гола беше најефикасен кај Швеѓаните, но и на мечот што беше прв на СП за двете селекции.

Во дербито на првото коло во А групата Шпанија ја победи Црна Гора со 30:25.

Како утеха за Црногорците е што го имаа најефикасниот ракометар на мечот, а тоа беше Бранко Вујовиќ со 7 гола.

Кај победникот Одриозола постигна шест погодоци, а Црвената фурија го оправда епитетот фаворит на дербито, но и во А групата и еден од главните кандидати за светската круна.

И третиот меч вечерва од 20.30 часот беше дерби, а Исланд во Д групата ја победи Португалија со 30:26.

 

- Оглас -

Најнови вести