Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот меч на светското првенство во Послка, а ривал ѝ е не само фаворитот во групата, туку и еден од фаворитите за медал – селекцијата на Норвешка. Според обложувалниците, нема дилеми дека Норвешка ќе победи (1,06 коефициент), па во понудата на Sport Life, хендикепот дека Норвешка ќе слави барем со шест гола разлика, квотата е 1.50. Ако верувате дека Македонија ќе даде поголем отпор и ќе загуби само со пет или помалку погодоци, коефициентот е 2.40. Дека Македонија нема да загуби со двоцифрена разлика, квотата е 1.55.
За оптимистите дека Македонија добро ќе стартува на мечот и прва дека ќе постигне гол, квотата е 2.15, а прва дека ќе стигне до три погодоци е 2.30. Може да играте и на тоа која селекција прва ќе добие исклучување, прв пенал, прв промашен пенал, прв ќе побара тајмаут…
Од македонските репрезентативци се очекува Дејан Манасков да биде прв стрелец, а за да биде во плус, крилото треба да даде барем седум гола. Може да одиграте и на бројот на погодоци на Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Филип Талевски и Гоце Георгиевски.