Некогашниот македонски ракометен репрезентативец Лазо Мајнов од далечната Австралија им посака среќа на нашите пред стартот на Светското првенство во Полска.
Мајнов, кој сега работи како директор на РК Бутел, ја искористи паузата во домашното првенство и замина во Бризбејн, но и од далечната Австралија со нетрпение ги чека возбудувањата на Мундијалот.
Македонија вечерва го игра првиот дуел на Светското првенство, а противник е фаворизираната Норвешка.