Битолската традиција продолжи и во Краков, навивачи со пајтон се возеа на Василица (Видео)

Македонските навивачи кои се во Краков веќе започнаа да ја загреваат атмосферата пред вечерашниот дуел против Норвешка во првото коло од Светското првенство. Од сите градови на Македонија има фанови кои пристигнаа во Краков за да им дадат поддршка на ракометарите, а меѓу најбројните, секако, се тие од Битола.

Ракометна Битола и навивачите од овој град секогаш се заедно со Македонија, а тоа го потврдуваат и во Краков. Тоа што е интересно е дека во Битола постои традиција за Василица да се возат со пајтон. Таа традиција продолжи и во Краков, со песна и навивање за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести