Екипата на Брајтон е хит во англиското првенство и Галебите играат одлична сезона, но сега им искрснаа и неочекувани проблеми.
Една од главните ѕвезди во тимот, Леандро Тросар, си заминал од тренинг без притоа да информира никого во клубот, пред се тренерот Роберто Де Ѕерби.
Тросар беше на клупата за резерви на последниот меч во Премиер лигата што Брајтон го доби против Евертон со 4:1, а потоа беше пријавен како повреден за дуелот во ФА купот со Мидлсбро, што Галебите го добија со 5:1.
Потоа направи шокантен потег со самоволно напуштање на тренингот, а јасно е дека е незадоволен.
Пред се од тоа што веќе не е стандарден првотимец кај Де Ѕерби, а потоа и поради тоа што минатото лето клубот не го пушти да си замине, иако имаше одлични понуди, а заинтересиран беше и Арсенал.
„Тросар си замина од тренинг без да информира никого за тоа. Му кажав потоа дека не сакам такво однесување. Ако сака да игра за Брајтон ќе мора да работи напорно и да трча. Јас сакам само такви фудбалери во тимот“, рече италијанскиот стратег на клупата на Брајтон.
De Zerbi: "Trossard left a training session without saying anything. I spoke with him on Monday and told him that this attitude I don’t like… If he wants to play, he has to work hard and run… I’m open to listen, but he has to understand I only want players who work hard and play for the team." from soccer
Галебите играат одлично и се на осмото место во Премиер лигата со 27 бода, но имат по еден, или два меча помалку од екипите што се пред нив, а и еврозоната не е далеку.