Македонија загуби убедливо од Норвешка со 29:17 во првото коло на Светското ракометно првенство во Краков, но тоа не ја наруши убавата атмосфера која Фалангата ја направи на трибините.
Македонија има најбројна навивачка армија која создаде преубава атмосфера во „Таурон Арената“ во Краков, каде во само неколку реда можеше да се видат како заедно седат македонски, аргентински, холандски и норвешки навивачи.
Спортот уште еднаш покажа дека треба да ги обединува сите навивачи без разлика од кој дел од светот доаѓаат.