Тежок нокаут за фудбалски судија – Топката како гром го погоди директ в лице, едвај го освестија (Видео)

Чудна ситуација се случи во првата фаза на натпреварот од Лига 2 во Англија меѓу Свиндон и Гримзби, а настрада главниот судија Сем Пуркис.

Во 12. минута домашен играч на Свиндон со лизгачки старт ја изби топката и го погоди директно в лице Пуркис.

Судијата падна како покосен, по реакцијата на играчите на теренот беше јасно дека е во бесознание, со тежок нокаут.

По 5-6 минутна интервенција главниот судија беше изнесен од теренот со помош на медицинско помагало, популарниот „стречер“.

Свиндон го декласира Гримзби со 5:0, а мечот ќе се памети и по необичниот нокаут за несреќниот судија Сем Пуркис.

 

- Оглас -

Најнови вести