Исчезнувањето на Емилијано Сала ги шокира сите во Нант, клубот за којшто Аргентинецот настапуваше пред да потпише за англискиот премиерлигаш Кардиф.
На популарните „канаринци“ не им е до фудбал, па ги откажаа двете следни средби. Утре нема да играат против Саноа во францускиот куп, а нема да играат ниту против Сент Етјен во домашното првенство во сабота.
Сала заедно со пилотот на авионот Пајпер Малибу во понеделникот навечер тргнале од Нант за Кардиф, но малиот авион го снемало на радарот некаде над англискиот канал во близина на англискиот брег.
Потрагата по двајцата исчезнати сè уште трае, но се стравува од најлошото.