Раководството на Кремонезе донесе одлука да му врачи отказ на тренерот Масимилијано Алвини по новиот пораз во Серија А, денеска од Монца со 2:3.
Кремонезе е последен на табелата во италијанското првенство со само 7 бода и без победа во 18 кола.
Денеска губеа со 0:3, потоа успеаја со два гола да го направат мечот интересен, но беа поразени по 11-ти пат во Серија А и се најсериозни кандидати за испаѓање.
Првиот тим што е над зоната за испаѓање е Специја со 15 бода, 8 повеќе од тимот од Кремона и има и еден меч повеќе за одигрување.
Од Кремонезе најавија дека во најскоро време ќе објават кој ќе го наследи Алвини и ќе го води тимот од клупата во следните 20 кола во оваа сезона во Калчото.