Ѓорческа немаше сили за пехар, се повреди и го предаде финалето на некогашната полуфиналистка на САД опен

Лина Ѓорческа немаше сили да го направи последниот чекор за пехар на ИТФ турнирот во Талин, Естонија и го предаде финалето против Јанина Викмаер.

Белгијката која е многу позната во светот на женскиот тенис водеше со 1:0 во сетови и со 2:0 во гемови, кога Ѓорческа одлучи да и го предаде мечот.

И пласманот во финалето е голем успех за најдобрата македонска тенисерка, која игра во добра форма во последно време.

Викамер има пет ВТА титули и има играно во полуфиналето на САД опен во 2009 година и беше пресилна за нашата тенисерка, дополнето со проблемите што ги имаше Лина и поради кои и го предаде финалниот меч за титулата во Талин.

 

- Оглас -

Најнови вести