Арсенал притиска за ангажман на голманот на Јувентус, Емилио Аудеро, кој брани во Сампдорија на позајмица од редовите на шампионот на Италија.
Аудеро е блескав талент, има само 22 години и ако се оствари трансферот, драстично се намалуваат шансите на македонскиот репрезентативец Дени Илиев да брани за првиот тим на англискиот премиерлигаш.
Илиев е долго во клубот, неодамна го продолжи договорот со Арсенал, но засега стигна само до позицијата прв голман на младинскиот тим. Има 23 години и ако пристигне Аудеро, можно е струмичанецот да оди на позајмица во некој од англиските клубови.